Во сезоната кога лисјата паѓаат, најдобрите есенски маке-up комбинации „паѓаат“ и во вашата dm beauty кошничка. Пренесете го вашето расположение со тоа што ќе се шминкате онака како што се чувствувате во моментот! Есенските трендови повикуваат на експериментирање со текстури, нијанси и светлосни ефекти – затоа дозволете вашата креативност да блесне! Застанете пред огледалото, извадете ги боите на есента од вашиот несесер и магијата нека започне!
Магијата на есенските бои: медени, чоколадни и малинести нијанси во фокусот
Оваа сезона се носи балансирана шминка која изгледа свежо преку ден, а со само неколку потези на четката шминката станува гламурозна за вечерно излегување. Совршена комбинација од топлина и елеганција – тонови со нијанси на мед, чоколадо и малина се во тренд. Започнете го вашето шминкање со нанесување на подлога која ја изедначува текстурата на кожата и ја подготвува за шминка. Изберете меки златести или шампањ нијанси за highlighter, кој нежно нанесете го на јагодиците, врвот на носот и аглите на очите, потоа продолжете со Max Factor руменилото и Maybelline пудрата во прав кои ќе ги истакнат вашите контури на лицето и се совршени за есенските денови и вечерни излегувања.

Очите пак, секогаш раскажуваат посебна приказна, а погледот никогаш не измамува. Изберете нијанса од Alexandar Cosmetics палетата на сенки што ја нагласува вашата боја на очите и создава вистински есенски шарм. Во тренд се сини и пастелни сенки за очи, како и smokey eyes во студени тонови како сива и сребрена или комбинација од двете. Впечатливи очи, густи веѓи и долги трепки потенцирани од маскарата L’Oréal Panorama – тоа е формулата за магичен поглед што плени.
За впечатливи усни, прво исцртајте ги со MALENA моливчето за усни за да добиете прецизна и убава форма, потоа нанесете AURA матирачки кармин теракота или карамел за интензивен и долготраен ефект. Доколку сакате да експериментирате, пробувајте различни нијанси на моливчиња и кармини сè додека не ја пронајдете вашата идеална боја. А доколку сакате дополнителен „wow“ ефект – додадете еден слој од светкавиот AURA сјај за усни. За совршено фиксирана шминка, комбинирајте камена пудра и фиксатор во спреј за природен, мат или сјаен ефект по ваша желба.
Во вашиот dm ве очекуваат голем избор на производи за шминкање, со кои лесно ќе го комплетирате вашиот совршен есенски make-up изглед. Изберете меѓу квалитетните производи од сопствените германски dm брендови или од светски познати имиња во beauty светот – сè по секогаш поволни цени, за да уживате во вашата шминка без компромис! Oваа есен дозволете вашата убавина да заблеска помеѓу ладните и дождливи денови, вие ќе бидете илустрација од топлина и елеганција со квалитетна, секогаш поволна шминка.
Комерцијален текст









