Бејл ги прозва Мбапе и Винисиус по поразот од Ливерпул: Разочарувачки за играчи од таков калибар…

Дерби

05/11/2025

11:30

228

Големина на фонт

а а а

Герет Бејл беше специјален гостин во студиото на „Си-Би-Ес“ и го зазема местото на Џејми Карагер, па во добар дел од вечерта, можеше да разменува мислења со Тјери Анри, Мајка Ричардс и водителката Кејт Абдо.

Велшката легенда беше повикана со цел да даде свој стручен коментар за дербито на „Енфилд Роуд“, а откако гледаше како неговиот Реал губи од Ливерпул во едно од двете дербиња на вечерта, Герет реши да ги „поздрави“ двајцата Килијан Мбапе и Винисиус Жуниор за лошата комуникација и невоиграноста во нападот.

– За време на натпреварот, често зборувавме со Анри за искрата која недостасува во нападот на Реал. Не видовме никаква магија од Мбапе и Винисиус во последната третина од теренот.

– Не режираа магија со која ќе го вратат Реал во натпреварот. Беше разочарувачки да се гледа како Реал не прави ништо во завршната третина со таков калибар на играчи.

– Фрустрирачки е да се гледа како понекогаш ги комплицираат работите. Треба само да тргнат во дуел и да се обидат против дефанзивецот. Тие се побрзи од било кој на теренот, но можеби не го прават тоа поради фактот што нема друг играч во шеснаесетникот. Можеби на Реал се уште му треба „деветка“ која ќе биде пример во шеснаесетникот, – изјави Бејл.