Чаби Алонсо се етаблираше како еден од најнадежните тренери во Европа и таков статус стекна како тренер на Баер Леверкузен, а од периодот во Германија, убедливо најдобри спомени има од играчот кој денеска ќе го има за свој противник.
Шпанскиот стручњак имаше извонредна соработка со Флоријан Вирц и Германецот беше убедливо најголема ѕвезда во неговиот тим, но работите во фудбалот брзо се менуваат, па сега Германецот служи за потсмев во Англија.
Вирц не забележа никаков учинок на првите десет натпревари во Премиер лигата и поради тоа се почесто се наоѓа на удар во јавноста, но Чаби како поранешен тренер, демонстративно застана во одбрана на Флоријан и вели дека мора да му се остави простор за адаптација.
– Пристигнувањето во Ливерпул е огромна промена за него, особено за фудбалер од Германија кој доаѓа во нов клуб и во целосно нова култура.
– Вирц е посебен играч, има уникатни квалитети, но исто така и фантастичен карактер. Поради неговите игри добив работа во Реал Мадрид и секогаш ќе му бидам благодарен. Верувајте ми, само прашање е на време кога ќе почне да ја покажува својата класа и квалитет. Се надевам дека ќе почека и нема да го направи тоа на натпреварот со Реал, – изјави Алонсо.






