Поради интимна снимка во авион доби суспензија: Спортистот нема да настапи на Олимписките игри поради видео што се шири на социјалните мрежи

Точка

03/11/2025

20:17

953

Големина на фонт

а а а

Некои би рекле дека „запловил во погрешни води“, а во светот на кајакот тоа е строго недозволиво. Куртс Адамс Розенталс ќе плати висока цена затоа што не успеал да најде поинаков начин за да го финансира својот спортски сон.

Овој кануист доби двегодишна суспензија поради објавување на експлицитна содржина на социјалните мрежи.

Според „BBC“, најспорна била снимката на која спортистот изведувал „сексуален чин“ во авион, што предизвикало огромно внимание во јавноста. Од јануари до мај, благодарение на платформата „OnlyFans“, заработил нешто повеќе од 114.000 евра.

Розенталс изјавил дека тој приход му помогнал финансиски да опстане и да го исполни својот сон – да се натпреварува на Олимписките игри. Но, тој сон се распаднал како стакло по удар. Наместо спортска слава, следеле две години суспензија.

Дисциплинската комисија оценила дека снимката „нанела сериозна штета на угледот на спортот“, дека ги прекршила етичките правила и дека се работи за „непристојно, навредливо и неморално однесување“.

Претходно, Розенталс бил и исклучен од „World Class Programme“ на организацијата „Paddle UK“, а дополнително добил двегодишна забрана за тренинг, не само за натпреварување.

И покрај тоа, спортистот не покажал големо каење.

„До оваа забрана никогаш немаше да дојде доколку спортистите беа соодветно финансирани. Разбирам дека видеото може да се опише како лудо, но не е незаконито и никако не би требало да биде причина за суспензија“, изјави Розенталс за „BBC Sport“.

Тој додаде дека не жали поради објавената снимка, бидејќи дополнителниот приход му го променил животниот стил.