Анчелоти: Разговарав со Винисиус за неговиот „Ел Класико“ испад

Дерби

04/11/2025

11:23

148

Големина на фонт

а а а

Карло Анчелоти беше тренерот кој најмногу му се довери на Винисиус Жуниор и кој беше најзаслужен за фудбалскиот раст кој го имаше Бразилецот, па сега во ситуација кога го гледа повремено како бразилски селектор, искусниот стручњак останува во постојан контакт со Вини и се обидува да влијае позитивно врз неговото однесување.

Анчелоти со години се бореше да го смири Винисиус и да направи подобра личност од него, па откако Бразилецот остави навистина лош впечаток откако беше повлечен од игра од „Ел Класико“, искрен коментар за целата ситуација добил и од Дон Карло.

Италијанецот открива дека разговарал со фудбалерот на Реал за непотребниот циркус кој го режираше, при што му порачал дека направил грешка со односот кој го покажал кон Чаби Алонсо.

– Имам многу добар однос со Винисиус и постојано сме во контакт. Кога се случува нешто со него, секогаш добиваме информации. Разговарав со него на тема „Ел Класико“, ја коментиравме неговата реакција. Му кажав што имам да кажам, му кажав дека направи грешка.

– Тој се извини и сметам дека тоа е затворена тема. Тој е многу важен играч и нема проблеми ниту во клубот, ниту во репрезентацијата. Не е ми е важно што прави во приватниот живот. Тоа е негова лична работа, мене ме интересира само што прави на теренот, – изјави Карло.