Успешно лекува трауми, поради ретко заболување оди со бастун и е целосна спротивност на сите мажи со кои досега била: Кој е новиот партнер на Џенифер Анистон?

Кармин

04/11/2025

11:06

2.195

Големина на фонт

а а а

Актерката Џенифер Анистон повторно е среќна, а по повеќемесечни шпекулации конечно реши да ги потврди сите приказни: да, Џим Кертис е новата љубов на омилената „пријателка“. Тој е целосно различен од сите мажи со кои била досега и доаѓа од сосема поинаков свет.

Поради Анистон – една од најголемите холивудски ѕвезди на новото време – многумина и денес ѝ замеруваат на Анџелина Џоли што ѝ го „украде“ Бред Пит, бараат фризура „а ла Рејчел Грин“, која стана вистински класик и се прашуваат дали тајната на нејзината вечна младост лежи во нејзиното грчко потекло. А таа, во својата 56-та година, откако конечно се помири со себеси и со животот, одлучи повторно да ѝ даде шанса на љубовта.

Бред Пит? Минато. И нејзиниот втор сопруг, Џастин Теру, е веќе дел од историјата. И Тејт Донован, и Винс Вон, и сите други кои ѝ ги „припишуваа“. Сега, главната ѕвезда во нејзиниот живот е згодниот хипнотерапевт Џим Кертис – човек кој нема никаква врска со филмската индустрија, ниту со светот на шоу-бизнисот.


Ги запознал нивен заеднички пријател, а првпат „разбудија сомнеж“ дека меѓу нив има нешто во јули, за време на одмор во Шпанија, кога беа фотографирани на јахта во нежни прегратки. Сепак, потврда немаше – сè до вчера, кога конечно пристигна конкретен доказ.

„Среќен роденден, љубов моја“, напиша актерката под фотографија на која го прегрнува насмеаниот Кертис од зад грб. Потоа додаде само една реченица: „Драгоцен“. И тоа беше доволно.

„Тој е сосема поинаков од сите нејзини поранешни партнери“, изјави близок извор. Да, различен е – помлад е седум години, а очигледно ѝ годи, бидејќи сите забележале дека актерката зрачи и дека во 56-тата изгледа речиси како во времето на „Friends“ – можеби дури и подобро.

Кертис е хипнотерапевт, велнес-гуру и „лајф коуч“. На неговата веб-страница наведува дека успешно ја комбинира науката со духовноста, помагајќи им на луѓето да постигнат физичка и ментална благосостојба преку специфични техники. Неговата специјалност е лекување на трауми и скршени срца, како и поддршка за оние кои минуваат низ развод или емоционална исцрпеност.

Новиот партнер на Џенифер Анистон има објавено две книги: „The Stimulati Experience“ и „The Shift Workbook: Coding a New Consciousness“. Во првата ја опишува својата лична борба со ретка лезија на ’рбетниот мозок, дијагностицирана пред повеќе од 20 години. Оштетувањето довело до краткотрајна парализа на нозете, поради што често користи бастун за одење.


За својот велнес-концепт Кертис добил значајни награди. На Инстаграм има повеќе од 680.000 следбеници и со нив често споделува инспиративни мисли. „Мојата мисија е да ви помогнам да се излечите“, вели тој.

Во неодамнешна интеракција со своите фанови, меѓу другото, објасни и како да се најде љубов по четириесеттата година:

„Одлично прашање – истото што си го поставувате кога сте многу помлади, само што сега имате повеќе самодоверба, искуство и автентичност. Не сте стари. Сакајте се себеси и сфатете дека сте во совршени години. Животот не завршува на 42. Затоа, почнете сега – излезете, отворете се кон љубовта. Воспоставете контакт со очите со некого и насмевнете се“.

Лично искуство? Се чини дека да. Контакт со очите, насмевка, зборови што внесуваат мир и спокојство... Јасно е како шармантната актерка паднала на неговиот шарм – а мора да се признае и дека е опасно згоден!


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk