Нестварна ситуација: Салемакерс славеше во лице на Гвида, италијанскиот судија возврати со удар

Дерби

03/11/2025

13:41

1.041

Големина на фонт

а а а

Финишот од дербито меѓу Милан и Рома донесе и пенал за гостите од Рим, но иако Пауло Дибала имаше огромна шанса да донесе израмнување и поделба на бодовите, Мајк Мењан се претвори во јунак на домаќините со клучна одбрана за победа.

Чуварот на мрежата на Милан одлично го прочита Аргентинецот и го одбрани неговиот удар, момент кој предизивка огромна сатифакција на трибините, но и помалку луда реакција од Алексис Салемакерс.

Белгискиот репрезентативец се сврте кон судијата Марко Гвида и реши да му слави во лице, но уште полудо во целата ситуација е што арбитарот не остана должен.

Гвида не остана имун на провокацијата и го удри Салемакерс со нога, па оваа ситуација беше предмет на анализа и во италијанските телевизиски студија.

– Гвида направи сериозна грешка, покажа недозволиво однесување за еден судија. Тој можеше комотно да го казни Салемакерс со жолт картон, но наместо тоа, реши да ја премине границата и да удри фудбалер, – изјави Грацијано Чезари, поранешен судија од италијанската елита.