[ВИДЕО] „Mad Max“ на источниот фронт: Новите руски оклопни возила изгледаат како од постапокалиптичен филм

Точка

03/11/2025

22:00

2.064

Големина на фонт

а а а

На социјалните мрежи се појавија нови снимки кои прикажуваат руски тенкови опремени со необичен систем за заштита познат како „бодликаво прасе“ или „porcupine-style“ оклоп.

Оваа модификација претставува најнова фаза во еволуцијата на импровизираните противдронски заштити кои руската армија сè почесто ги користи на украинскиот фронт.

За разлика од претходните верзии, кои имале пократки метални шилци и едноставни мрежести конструкции, новите модели на тенкови, меѓу кои се издвојуваат „T-80BVM“ и „T-72B3M“, сега носат масивни, издолжени метални структури кои потсетуваат на бодликаво прасе.

Овие оклопи ги покриваат речиси целиот труп и куполата на возилото, создавајќи густа мрежа од решетки, метални шипки и челични кабли кои формираат непробојна заштитна „кафезна конструкција“.

За разлика од претходните импровизации, куполите сега можат да се ротираат речиси без ограничувања, додека дополнителните камери поставени на надворешните делови на возилото ја компензираат намалената видливост на екипажот. Вградените електронски системи за попречување (EW) дополнително ги зголемуваат шансите за преживување на тенкот при напади со дронови.

Оклопниот „кафез“ функционира така што предизвикува предвремена детонација на дронски проектили пред тие да го погодат главниот оклоп на тенкот. Металните кабли и решетки во некои случаи успеваат и физички да ги фатат или да ги онеспособат роторите на FPV дроновите.

Вака заштитените тенкови можат да издржат повеќекратни удари од дронови, што драстично ги зголемува шансите на екипажот да ги преживее нападите.