Орце Ѓорѓиевски се повлече од вечерашната дебата со Амар Мециновиќ: „Јасна е сликата за двајцата кандидати“; Левица: „Бега од дебата без тутор и подметнати прашања“

Точка

30/10/2025

19:56

2.184

Големина на фонт

а а а

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од редовите на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, преку објава на Фејсбук порача дека нема да се појави на дебатата со противкандидатот од Левица, Амар Мециновиќ, договорена за вечерва на ТВ Телма.

Во објавата Ѓорѓиевски наведува дека вечерва во тој термин ќе биде на завршниот митинг од неговата кампања во Скопје.

Тој смета дека по претходната дебата меѓу него и Мециновиќ што се одржа во вторникот „станале јасни ставовите и јасна е сликата за двајцата кандидати“.

♥️ Дополнитени часови по локална самоуправа ќе држам од понеделник, после победата на избори.


Почитувани,


Вечерва...

Posted by Орце Ѓорѓиевски - Orce Gjorgjievski on Thursday, October 30, 2025

„Евидентно е ниското ниво на политичка култура, но и присутната безидејност и недостигот на планови кај кандидатот Амар Мециновиќ, што значи дека секоја следна дебата не би била натпревар и судир на концепти, туку судир меѓу концепт за Скопје, претставуван од мене и ВМРО-ДПМНЕ и демагогија, празна реторика и отсуство на план што се карактеристики на Амар Мециновиќ“, напиша Ѓорѓиевски и додаде дека целосно ја почитува „намерата и професионалноста на телевизијата која испрати покана за дебата“.

Претходно од Левица објавија статус на Фејсбук во кој напишаа дека Орце кој „уверуваше дека „не бега и не се плаши од дебати со Мециновиќ” – не смогна храброст да се појави на нормална, специјално неисценирана, ненаместена, непристрасна дебата без подготвени прашања и одговори со кандидатот од Левица“.

ОРЦЕ БЕГА ОД ДЕБАТА БЕЗ ТУТОР И ПОДМЕТНАТИ ПРАШАЊА - СООЧУВАЊЕ НА ТЕЛМА НЕМА ДА ИМА

‼️Иако пред очите на целата јавност...

Posted by Левица on Thursday, October 30, 2025