Овие намирници никако не ги комбинирајте со лекови — можат да предизвикаат опасни несакани реакции: Многумина го прават токму тоа

Точка

30/10/2025

19:16

722

Големина на фонт

а а а

Пред да земете било кој фармацевтски лек за првпат, неопходно е да се консултирате со својот лекар.

Комбинирањето на храна со лекови бара голема претпазливост — кафето, на пример, може да го ослабне дејството на антипсихотиците, но и да го засили ефектот на некои други лекови, како што е „Aspirin“.

Можеби сте слушнале дека некои лекови не смеат да се комбинираат меѓусебно, но ретко кој размислува како храната и пијалаците влијаат врз нивното дејство. Пред да започнете со терапија, задолжително прашајте го вашиот лекар кои намирници и пијалаци треба да ги избегнувате, бидејќи некои можат целосно да го изменат ефектот на лекот или да предизвикаат лоша реакција на организмот.

1. Грејпфрут

Овој цитрус влијае на тоа како клетките во дигестивниот тракт ги пренесуваат супстанциите низ телото и може да има ефект на дури 50 различни лекови. Кај некои препарати, грејпфрутот може целосно да го поништи дејството на активната состојка, со што терапијата станува бесцелна.


2. Млеко

Млечните производи можат да му го отежнат на организмот процесирањето на одредени антибиотици и да го намалат нивниот ефект. Минералите како калциумот и магнезиумот делумно се одговорни за тоа. Ако пиете антибиотици, информирајте се дали постојат намирници или пијалаци што не треба да ги комбинирате со терапијата.


3. Чоколадо

Темното чоколадо може да влијае на дејството на таблетите што помагаат при спиење, правејќи ги помалку ефикасни. Од друга страна, може да го засили дејството на стимулативните лекови, што може да доведе до несакани ефекти.


4. Додатоци во исхраната со железо

Овие додатоци можат да го намалат ефектот на „левотироксин“ (познат и како „L-тироксин“), кој се користи за лекување на недостаток на хормони на тироидната жлезда. Ако го користите овој лек заедно со мултивитамини, проверете дали тие содржат железо. Ако сепак ви е неопходен таков додаток, задолжително разговарајте со лекарот за правилна примена.


5. Алкохол

Алкохолот може целосно да го поништи дејството на некои лекови, додека кај други го засилува ефектот и може да предизвика сериозни, па дури и опасни несакани реакции. Особено е ризичен во комбинација со лекови за смирување, антипсихотици, антидепресиви, како и препарати за крвен притисок и срцеви заболувања.


6. Кафе

Кафето може да го ослабне дејството на антипсихотиците — што е потенцијално опасно за пациентите на терапија — но истовремено може и да го засили ефектот на некои други лекови, како „Aspirin“.


7. Зелка и други лиснати растенија

Доколку земате лекови кои спречуваат создавање на крвни тромби (антикоагуланси), треба да внимавате на внесот на витамин К. Овој витамин може да го направи лекот помалку ефикасен и да го зголеми ризикот од згрутчување на крвта. Зелка, кељ, магдонос, брокула и спанаќ се меѓу намирниците што содржат најмногу витамин К.