Во Јапонија го пијат овој чај за долговечност, а стана популарен и во Македонија: Го нарекуваат „чај на убавината“, подмладува, детоксицира и ги топи килограмите

Точка

30/10/2025

16:21

1.034

Големина на фонт

а а а

Зелениот чај во прав, познат како „мача“, со векови е дел од јапонската традиција, а сега стана голем тренд и кај нас. Се пие во царските дворови, во зен ритуали и во секојдневната исхрана – токму затоа што се смета за „чај на долговечноста“. Она што многумина ги воодушевува уште од првата голтка е неговата слатко-горчлива, нежна арома, но причината за неговата популарност далеку го надминува вкусот.

Мача е вистинска мала нутритивна бомба: содржи витамини А, Б, Ц и Е, изобилува со антиоксиданти, особено катехини кои го штитат срцето и крвните садови, го забрзуваат метаболизмот и го забавуваат стареењето на клетките. Јапонците го пијат овој чај секој ден, а кај нас сè почесто се наоѓа во кафулињата.

Зошто мачата е посебна?

• Го забрзува трошeњето калории и топењето на мастите – го активира метаболизмот и процесите на согорување на мастите
• Детоксикација – природно го чисти организмот од токсини
• Позитивно влијае на срцето и крвните садови
• Ја зголемува енергијата, но без нервоза и „падови“ како кај кафето
• Го поддржува имунитетот благодарение на високата концентрација на антиоксиданти

Поради фината текстура, може да се користи и надвор од шолја чај. Се додава во смути, палачинки и мафини, во тесто, сосови, па дури и во солен појадок како омлет или њоки. Во десерти дава убава арома и препознатлива смарагдна боја – затоа мача сладоледот, тирамису или чизкејкот изгледаат така атрактивно.


Како се подготвува?

За најдобар ефект се користи свежо подготвен напиток:

1. Загрејте вода до околу 60°C (никако зовриена, високата температура ги уништува корисните материи).

2. Во шолја ставете 1 до 2 грама мача прав. Додадете вода и мешајте со метличка, лажичка или мал миксер додека површината не се запени.

3. Оставете да отстои 3 до 5 минути и пијте додека е свежо и топло. Може да се пие и ладно, како ледено мача лате со млеко или билни пијалоци.

Важна напомена

Иако е популарна и здрава, мача не е за секого:

• Не се препорачува за трудници и деца
• Внимавајте ако имате срцеви проблеми или хронични заболувања
• Најдобро е пред секојдневната употреба да се консултирате со лекар или нутриционист


Мача – чај за тело, енергија и блескава кожа

Многумина го нарекуваат „чај на убавината“ бидејќи ја подобрува циркулацијата, влијае на кожата и го спречува оксидативниот стрес. Поради тоа сè почесто се користи и во козметиката во облик на маски за лице и пилинзи.

Благодарение на сите овие својства, не е чудо што мачата стана омилен пијалок меѓу жените кои водат сметка за здравјето, убавината и витката линија.

Ако сè уште не сте го пробале – можеби е време за шолја зелено јапонско чудо.