Мареска жестоко распали по повратникот кој доби црвен картон: Треба да се засрами

Дерби

30/10/2025

08:16

473

Големина на фонт

а а а

Лиам Делап се врати во тимот на Челси по пауза од два месеци и се стави на располагање на Енцо Мареска, но за неполн половина час минат на теренот, напаѓачот успеа да му го крене притисокот на својот менаџер.

Челси го доби лудиот Куп натпревар против Вулверхемптон со резултат 3:4, но во самиот финиш, Делап доби два жолти картони во период од седум минути и целосно го разбесни својот менаџер.

Тимот на Мареска дефинитивно има проблем со дисциплината и доказ за тоа се петте црвени картони на последните девет меча, нешто што направи Италијанецот да избувне по новата суспензија која ќе следи за негов играч.

– Добивме глупав црвен картон окј беше целосно непотребен. Тоа беше глуп втор прекршок и го заслужи црвениот картон. Можам да ги разберам исклучувањата кои ги добивме против Брајтон и Јунајтед, но она против Нотингем и ова сега се нешто друго.

– Треба да се засрами поради тоа што доби два жолти картони во толку краток период. Два жолти во седум минути, мораше да ги избегне и двете опомени. После првиот жолт картон, му реков четири или пет пат да остане смирен. За жал, Делап кога е на теренот, најчесто игра за себе и се мачи да ги гледа останатите околу себе, – изјави бесниот Мареска.