Загинаа сите патници во кенискиот авион што се урна, меѓу нив државјани на Унгарија и Германија

Макфакс

28/10/2025

14:01

318

Големина на фонт

а а а

Кениската авиокомпанија „Момбаса Ер сафари“ објави дека единаесет лица, меѓу кои осум унгарски државјани, двајца германски патници и еден кениски член на екипажот, загинале во авионска несреќа што се случила денес.

Компанијата „Момбаса Ер сафари“ е специјализирана за туристички и чартер-летови во Источна Африка, објави „Ројтерс“.

Локалните власти и спасувачките екипи моментно работат на пронаоѓање на телото и причината за авионската несреќа, а Управата за цивилно воздухопловство на Кенија објави почеток на истрага за инцидентот. Досега не е објавено точно каде се урнал авионот, ниту под какви околности се случила трагедијата.

Управата за цивилно воздухопловство на Кенија (KCAA) потврди дека авионот со регистрациски број 5Y-CCA на пат од Дијани до Кичва Темба се урна во 5.30 часот по локално време.