Илон Маск го најави крајот: „Ќе работи само оној којшто сака, работата ќе биде задоволство, а не потреба“

Точка

27/10/2025

20:23

822

Големина на фонт

а а а

Американскиот милијардер и основач на „Tesla“, Илон Маск, повторно предизвика лавина од коментари со изјавата дека во иднина вештачката интелигенција и роботите ќе ги преземат сите професии, додека пак за луѓето работата ќе стане личен избор и задоволство.

Маск на својата социјална мрежа „X“ објаснил дека работата ќе стане како и сопственото садење зеленчук, ќе биде активност која луѓето ја бираат од уживање, а не од потреба за заработка.


Неговата објава следела по веста дека „Amazon“ планира до 2033 година да замени околу 600.000 работници со роботи, што дополнително ги зголемило дебатите за идниот пазар на трудот и улогата на човекот во свет којшто забрзано се автоматизира.

Додека технолошките компании и инвеститори предвидуваат брзи промени, независните анализи укажуваат дека транзицијата ќе биде постепена.

Меѓународната организација за работа (ILO) наведува дека приближно четвртина од професиите во светот би можело значајно да се променат под влијание на вештачката интелигенција, но дека тоа не значи дека луѓето масовно ќе остануваат без работа.

Наместо целосното исчезнување на работните места, се очекува многу од вработените да го менуваат начинот на којшто работат, приспособувајќи се на новите технологии, додека пак во фокус ќе бидат креативните и стратешки задачи.


Илон Маск најави крај на работата, иако футуристичка, отвора и важна општествена дебата: Што ќе значи во светот на вештачката интелигенција „да работиш“ и дали работата воопшто ќе биде потребна за опстанок, пишува „Политика“.