Поради него завршила во затвор и живеела понижено: Актерката се разведува по 28 години болка и срам

Точка

28/10/2025

09:17

3.862

Големина на фонт

а а а

Таа многу се борела да го спаси својот брак, што во еден момент отишла во омилениот стриптиз клуб на нејзиниот сопруг да ги испитува егзотичните танчарки.

Го трпела незамисливото, а славниот актер со којшто се дружи со децении е сигурен дека зад решетки завршила исклучиво поради сопругот којшто го нарекува „ужасен нарцис“.

Познатата холивудска актерка Лори Лофлин, позната по својата широка насмевка, деновиве поминува низ тежок период затоа што ставила точка на бракот долг 28 години.


Ѕвездата која играла во многу успешни серии се разведува од дизајнерот Мосимо Џанули, сопственик на брендот „Mossimo“ со којшто ги има ќерките Изабел Роуз и Оливија Џејд, но сѐ уште не поднела барање за развод според пишувањето на медиумите.

За таблоидите животот на Лори Лофлин секогаш бил интересен, особено откако поминала одредено време во затвор во 2020 година затоа што со сопругот се обидела да го подмити Универзитетот за да ја прими нивната ќерка.

По вестите за разводот, новинарите особено се заинтересирале за нејзиниот брак со модниот моќник за кој се докажало дека бил далеку од бајка која актерката ја претставувала во јавноста.


Со години трпела „ужасен нарцис“

Пријателите на Лори велат дека холивудската убавица долго време се обидувала да го спаси својот брак, а ситуацијата била толку тешка и болна што во еден момент таа отишла во омилениот стриптиз клуб на нејзиниот сопруг. Наводно со танчарките разговарала за тоа што нејзиниот сопруг доживува во клубот.

„Со години Масимо одеше во клубот „Skin“ во Лос Анџелес“, велат извори блиски до актерката.

„Тоа беше пред извесен број години, но Лори отиде таму за да разговара со жените, да дознае што прави тој. Седна да разговара со стриптизерките“.

Актерот Џон Стамос, долгогодишен пријател на Лори и колега, вели дека актерката „трпела многу низ годините“, а Масимо го нарекол „ужасен нарцис“.

„Сите негативни и тешки моменти кои ги имаше во животот се поврзани со него. Никогаш повеќе нема да разговарам со него.


Навистина се трудам да бидам покрај неа во текот на разводот, како и додека траеше оној скандал со Универзитетот. Нема да дебатирам за тоа колку таа имаше врска со тоа... Знам дека немаше. Поради овој кретен заврши во затвор три месеци“, рекол Стамос.

„Page Six“ пишува дека извори блиски до семејството велат дека Џанули обожава да оди на козметички третмани, да се обложува и да игра голф.

Парот живеел на „висока нога“ благодарение на долгогодишната телевизиска кариера на Лори, но и на модното влијание на Мосимо во Америка.

Според пишувањето на медиумите, актерката се надевала дека нејзиниот сопруг ќе се смени откако ќе излезат од затвор. И двајцата биле осудени на пет месеци, но Лори зад решетки поминала само три, а нејзината кариера потоа повеќе не била иста затоа што имиџот трајно ѝ бил нарушен.