Јувентус бара тренер, а има двајца под договор до 2027 година

Макфакс

27/10/2025

19:01

221

Големина на фонт

а а а

Фудбалскиот клуб Јувентус, по серијата лоши резултати, му врачи отказ на тренерот Игор Тудор. „Старата дама“, нема победа на последните осум натпревари во сите натпреварувања, а на последните четири не постигна гол.

Бизарно е што Јувентус бара тренер, а има двајца на платениот список.

На Тијаго Мота, кој седи, ужива и прима плата од март оваа година, му се придружи неговиот наследник Игор Тудор.

Двајцата имаат важечки договори со „бјанконерите“ до 2027 година и би можеле, доколку одлучат да не тренираат никого додека се под договор со Јувентус, да заработат вкупно 25 милиони евра во меѓувреме.

Италијанскиот фудбалски инсајдер Николо Скира објави дека Лучијано Спалети и Роберто Манчини се заинтересирани за клупата на „Старите дами“, но дека кој било од двајцата ќе претставува голем предизвик за сопствениците на клубот.

И Спалети и Манчини се сметаат за тренери кои инсистираат на основни долгорочни договори, двајцата чинат многу пари, а преговорите вклучуваат задолжителни засилувања, па прашањето е дали Јувентус, може тоа финансиски да го издржи.

Поради сè, некој со помал углед и цена во Италија, како Рафаеле Паладино, би можел да добие шанса. Тој наводно би бил опција до крајот на сезоната, а потоа би подготвиле место во Торино за доаѓањето на Дидие Дешан, кој веќе објави дека се повлекува од функцијата селектор на Франција по Светското првенство во Мексико, САД и Канада.

Скира и други истакнати италијански новинари го споменуваат и Лоран Блан како можно решение.