Крај на приказната: Јувентус му врачи отказ на Тудор

Дерби

27/10/2025

13:22

368

Големина на фонт

а а а

Хрватскиот фудбалски стратег, Игор Тудор не е повеќе тренер на италијанскиот прволигаш Јувентус.

Иако денешните најави на медиумите на Апенините беа дека Тудор ќе остане да ја води екипата барем уште на средбата со Удинезе во среда, клубот донесе одлука и преку официјалните гласила соопшти дека е завршена соработката со 47-годишниот ас кое своевремено како играч ги бранеше боите на „старата дама“.

Јуве четири средби во низа е без погодок, забележа три порази во серија, а без победа е од месец септември кога беше совлада Интер со 4-3.

Овие резултати се далеку од она што го очекуваат водечките луѓе и се решија за промена. На средбата со Удинезе екипата ќе ја предводи Масими Брамбилја.

Инаку Игор ја заврши приказната со „бјанконерите“ со учинок од 10 победи, 8 нерешени и 6 порази.