„Nike“ има моторизирани патики што го забрзуваат темпото на трчање

Точка

24/10/2025

21:16

400

Големина на фонт

а а а

Најновата иновација на „Nike“, проектот "Project Amplify", е создадена за сите кои сакаат да го забрзаат своето темпо на трчање. Сепак, засега станува збор за развоен проект кој ќе биде достапен на пазарот дури за неколку години.

„Nike“ го претстави "Project Amplify" – првиот систем за обувки со моторен погон во светот, кој, како што велат од компанијата, не е наменет за професионални спортисти, туку за рекреативци. Од „Nike“ објаснуваат дека овие патики користат лесен роботски систем кој ја зголемува брзината при трчање и одење, споредувајќи ги со е-велосипеди, чии мотори помагаат при вртењето на педалите.

„Првата генерација на производот, развиена во соработка со роботската компанија "Dephy", не е замислена за натпреварувачки тркачи кои сакаат да го срушат личниот рекорд, туку за спортисти што сакаат да трчаат побрзо и подалеку со помал напор – давајќи им дополнителна сила при секојдневното движење, како да имаат втор пар листови“, стои во соопштението на „Nike“.


На прв поглед, "Project Amplify" изгледа како ортоза за зглоб со додаден мотор, погонски ремен и батерија сместена во надворешно куќиште. Од „Nike“ нагласуваат дека овие патики се наменети за оние кои трчаат со темпо од приближно 8 до 9,5 минути по километар – што значи дека побрзите тркачи нема да имаат значителна корист од нив.


„Nike“ додава дека проектот "Project Amplify" се развива веќе неколку години, со помош на повеќе од 400 спортисти, и дека се уште е во тест-фаза. Комерцијалната достапност се очекува во наредните години.