Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски и министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска, остварија работна средба со Тим Рид, извршен директор на Националната агенција за надворешно финансирање на Обединетото Кралство -УКЕФ.
На средбата се разговараше за деталите околу соработката и подршката што ја овозможува оваа Агенција во рамки на Договорот за соработка меѓу двете земји.
На Македонија се ставени 6 милијарди евра на располагање преку УКЕФ за реализација на капитални проекти кои треба да го подржат севкупниот развој на државата и треба да донесат додадена вредност во делот на транспортот, здравството, образованието, енергетиката и животната средина.
Како што потеницираше вицепремиерот Николоски, покрај финансискиот дел, исклучителна е подршката на Велика Британија во насока на пренесување на експертски знаења и искуства и технологии во реализација на крупните проекти предвидени со партнерскиот договор Влада со Влада.
Притоа Николоски ја истакна, како што рече. посветеноста на Владата во реализација на инфраструктурните проекти кои се опфатени во првата фаза со Договорот, со посебен фокус на брзата пруга и инвестициите во изградба на нови болници.
На средбата се прецизираа идните активности во однос на соработката меѓу двете земји, користење на финансиските средства и подршката во реализација на проектите.
Николоски го потврди стратешкото партнерство истакнувајки дека Велика Британија е силен подржувач на Македонија во нејзиниот развој, со добри политички и трговски односи и можност за нови партнерства преку нови инвестиции.