[ФОТО] Мапите откриваат необичен развој на поларен вртеж – што значи тоа за претстојната зима? Студ, снег или „поблаго“ време?

Точка

21/10/2025

20:27

2.233

Големина на фонт

а а а

Иако никој не може со сигурност да предвиди дали претстојната зима ќе донесе идентични услови, експертите ја нагласуваат важноста на следење на поларниот вртеж.

Стратосферата на Северниот пол моментално е под необичен развој на поларен вртеж којшто би можел значајно да влијае на временските обрасци во САД, Канада и Европа во текот на претстојната зимска сезона 2025/2026 според анализата на „Severe Weather Europe“.

Поларниот вртеж, широката зимска циркулација која ја опфаќа северната хемисфера, годинава покажува невообичаен слаб почеток.


Аномалијата на високиот притисок на пацифичката страна го поместува вртежот од средиштето и го ограничува неговото јакнење, што резултира со динамични и нестабилни временски обрасци.

Експертите предупредуваат дека оваа ситуација ја зголемува веројатноста на поладно и потенцијално поснежно време во деловите на Европа и Северна Америка.

Во стратосферата се гледа „циклон“ со ладно јадро, но и аномалија на високиот притисок којшто пречи во неговата структура.

Ова нарушување се пренесува и на пониските слоеви од атмосферата, предизвикувајќи создавање подрачја со низок притисок над источните делови на САД, Тихи океан и Европа.

Таквиот образец овозможува транспорт на ладниот воздух кон југ, што особено кон крајот на ноември или декември би можело да донесе вистински зимски услови, вклучувајќи и снег.

Според прогнозите на „GEFS“ моделот, се очекува нарушувањето на поларниот вртеж да трае и околу октомври и ноевмри.


Температурните аномалии покажуваат студени услови во источниот дел на САД и деловите на Европа, додека пак западните делови од Канада ќе останат под влијание на потопол воздух поради составот на високиот притисок.

Слични обрасци биле забележани и во текот на зимата 1981/1982 година кога воздушните маси значајно влијаеле на САД и Европа.