Истражувањето покажало: Мозокот побрзо старее поради лош сон

Точка

22/10/2025

18:46

208

Големина на фонт

а а а

Луѓето кои лошо спијат може да имаат мозоци кои изгледаат речиси една година постаро од нивната вистинска возраст, според нова студија на повеќе од 27.000 возрасни лица на возраст меѓу 40 и 70 години.

Истражувањето, објавено во британското медицинско списание „Лансет“, ги анализирало навиките за спиење на учесниците и МРИ снимките на мозокот, користејќи вештачка интелигенција за процена на „возраста на мозокот“ на секоја личност – биолошка мерка базирана на модели како што се губење на ткиво, истенчување на кортексот и оштетување на крвните садови.

Истражувачите откриле дека оние со неквалитетен сон имале мозоци кои изгледале значително постари од нивната хронолошка возраст.


Секое намалување на квалитетот на спиењето било поврзано со приближно шест месеци дополнително стареење на мозокот.

Во просек, луѓето со лоши навики за спиење – како што се несоница, ’рчење, абнормално траење на спиењето или доцен хронотип – имале мозоци кои изгледале околу една година постари од нивната вистинска возраст.

„Возраста на мозокот поголема од вистинската возраст може да биде сигнал за отстапување од здраво стареење“, велат истражувачите.

Претходните студии покажале дека мозокот што изгледа постар е поврзан со побрз когнитивен пад, ризик од деменција, па дури и порана смрт.


Тимот, исто така, откри дека воспалението може делумно да ја објасни оваа врска.

Лошиот сон може да ги зголеми нивоата на воспаление во телото, што пак може да ги оштети крвните садови и мозочните клетки. Воспалението сочинува околу 10% од врската помеѓу квалитетот на сонот и стареењето на мозокот.

Иако стареењето на мозокот не може да се избегне, истражувачите рекле дека изборот на начин на живот може да помогне да се забави.

Одржувањето редовен распоред за спиење, ограничувањето на кофеинот, алкохолот и времето пред екраните пред спиење и создавањето мирна, темна средина за спиење може да го заштити долгорочното здравје на мозокот.