Во светот каде секојдневно ги губиме коралните гребени како последица на климатските промени и човековото делување, откритието кое ја враќа надежта дојде од длабочините на Тихи океан.
Во текот на минатата година, експедицијата „Pristine Seas“, открила најголем познат жив организам – џиновска колонија на корали „Pavona clavus“, недалеку од Соломонски острови.
„Суперорганизам“ од длабочините
Она што колонијата ја прави спектакуларна не е само импозантната големина (должина 34х32 метри, висина 5,5 метри) туку и фактот што овој „суперорганизам“ е стар околу 300 години.
Тоа значи дека колонијата постоела уште од доба на Наполеон и ја преживеала индустриската револуција, нуклеарните тестирања и модерното доба на глобално загревање.
За разлика од поголемиот дел на коралните гребени кои се состојат од повеќе различни колонии корали, оваа колонија функционира како еден „суперорганизам“, составен од милиони идентични полипи.
За ваквата организација придонесува неговата исклучителна отпорност на стресни услови и му овозможува долговечност, пренесува „Daily Galaxy“.
Посебен режим на заштита
Експертите укажуваат дека проучувањето на неговите механизми на преживување може да помогнат во чување на коралните гребени во светот.
Во соработка со локалните власти, била иницирана иницијатива локацијата да се стави под посебен режим на заштита, за да се спречи било каква идна деградација како последица на комерцијалните активности кои ги загадуваат обиколните корални лагуни.
Климатските предизвици не престануваат, а овој тивок див од океанот нѐ потсетува дека природата поседува исклучителни способности за приспособување, доколку тоа ѝ го дозволиме.