Урнебесно видео: Габија ја расипа прославата на Леао и не дозволи жолт картон за јунакот на Милан

Дерби

20/10/2025

13:58

532

Големина на фонт

а а а

Рафаел Леао ги постигна првите голови во новата натпреварувачка сезона која стартуваше доста лошо за него, но откако ја санираше повредата, се добива впечаток дека офанзивецот влегува во посакуван ритам.

Масимилијано Алегри одлично го дозираше Леао и не ризикуваше со предвремено враќање на теренот, па после неколку меча како „џокер“ од клупата, Леао вчера за првпат беше стартер во новата сезона.

Рафа одговори со два погодоци кои донесоа пресврт победа за Милан над Фиорентина, а истите беа исклучително важни бидејќи „росонерите“ со трите бода се искачија на првото место на табелата.

Милан е нов лидер во Серија А по седум комплетирани рунди, но покрај двата погодоци, интересен момент од вчерашната средба беше и оној по вториот гол.

Леао тргна еуфорично да слави и почна да го соблекува дресот, но Габија навреме реагираше и го спречи соиграчот да добие јавна опомена и жолт картон.

Видеото погледнете го ТУКА.