Винисиус изнуди два црвени картони за Хетафе, па доби јасна порака на теренот: Поради ова те мрази цел свет!

Дерби

20/10/2025

10:50

508

Големина на фонт

а а а

Винисиус Жуниор влезе од клупа на натпреварот против Хетафе и предизвика вистинска драма на теренот, а иако не го направи тоа со асистенции и голови, мора да се признае дека Бразилецот навистина го промени текот на мечот во корист на фаворитот.

Вини изнуди два црвени картони за Хетафе во краток временски интервал и ги испрати на предвремено туширање Ниом и Санкрис, па во ситуација кога испраќаше и провокации до тренерот Хосе Бордалас и навивачите на домашниот клуб, Бразилецот доби и жестока порака од Иглесијас Санчез.

Дефанзивецот на Хетафе не остана мирен во ситуација кога Вини со прекумерна реакција се избори за втор жолт картон за Санкрис, па во моментите кога домашниот тим остана со девет фудбалери на теренот, Иглесијас му се обрати на противникот.

– Поради ова те мрази цел свет, научи нешто до своите соиграчи…., – му порача Иглесијас, кој не го криеше бесот и по последниот судиски свиреж, односно во првото соочување со новинарите.

– Винисиус не го промени мечот, тој само го разгоре натпреварот. Треба да научи како се почитува противникот, но и цела публика. Треба да научи од своите соиграчи како Мбапе и Милитао, – изјави Иглесијас.

Видеото погледнете го ТУКА.