[ФОТО] Тело на новороденче пронајдено во Нови Сад, мајката веднаш уапсена

Макфакс

20/10/2025

10:24

251

Големина на фонт

а а а

Утрово, во Нови Сад,е пронајдено безживотно тело на новороденче, а кратко потоа е уапсена жена за која се сомнева дека е мајката на детето, пренесува Нова.рс.

Жената е затекната само на 50 метри од местото каде што е пронајдено телото, во влез од зграда, по што полицијата веднаш ја привела.

Полицијата го блокирала просторот каде што е пронајдено детето. Во тек е истрага за утврдување на сите околности на овој трагичен случај.

Повеќе детали ќе бидат познати по завршувањето на истрагата.