ВМРО-ДПМНЕ освои најголем број гласови во Советот на Град Скопје, вкупно 35,15 отсто, или 81.649 гласови. Со тоа, бројот на мандати, според резултатите објавени на веб-страницата на ДИК, е 18, што е тројно повеќе од второпласираната Левица во советот која пак има 6 мандати.
Левица е второпласирана по бројот на гласови во Советот, со освоени 11,83 проценти од гласовите, односно 27.479 гласа.
Зад нив е коалицијата Влен со 11,77 отсто од гласовите, или во мандати, истотака, 6. Потоа, коалицијата НАИ на ДУИ, со освоено 11,64 отсто од гласовите со шест мандати. СДСМ е петтопласирана во советот на Град Скопје, со освоени 10,59 отсто од гласовите, во мандати 5.
По еден мандат имаат Ристо Пенов од Икуство за успех, Горанчо Котески од движењето ЗНАМ, и граѓанските листи „Независни заедно“ и „Зелен хуман град“.