[ВИДЕО] Познатиот светски патник посетил 70 земји, па издвоил една од Балканот: „Нема поубаво место на светот, како Ибица, но многу поевтино“

Точка

20/10/2025

10:43

1.412

Големина на фонт

а а а

Патникот Роб Стаинс, којшто посетил над 70 земји во светот, споделил идеален календар на патување за сите кои сакаат да уживаат во сонцето во текот на целата година, а притоа да не банкротираат.

На неговата листа се нашла и Хрватска

Овој човек којшто работи во компанијата „On The Beach“, редовно споделува совети и рецензии на својот ТикТок профил, а неговото видео со препораки за 2026 година добило околу 700 илјади прегледи.

„Составив совршен 12-месечен календар. Може да имате добар тен во текот на целата година без да потрошите цело богатство“, порачал тој во објавата.

За бегство од сивилото во јануари, Роб го препорачува Тенерифе во Шпанија кое може да се пофали со температурата од 22 степени Целзиусови и со неверојатно ниските цени веднаш по новогодишните празници.

Во февруари идеална дестинација за „топлина и забава“ по поволни цени е Маракеш во Мароко. Посетителите таму можат да уживаат на вечерите на кровните тераси и истражување на градот со дневна температура од 21 степен Целзиусов.

Со доаѓањето на март и повисоките температури, Стаинс го предложува Лас Вегас во САД каде температурата достигнува 22 степени Целзиусови и може да се прават многу работи. Во мај совршен за посета е Рим во Италија затоа што е идеално време пред летниот метеж.

Роб духовито истакнал дека италијанската престолнина е „доволно топла за сладолед, а доволно свежа да шетате по цел ден“.


Јуни го означува почетокот на летото, а како дестинација која веќе е многу позната ја препорачува Анталија. Истакнува дека патниците не можат да згрешат со ова место затоа што температурата тогаш изнесува 27 степени Целзиусови, а бројните „all-inclusive“ места се многу пониски во споредба со екот на сезоната.

Кога сезоната ќе започне во јули, Роб советува да патувате на Родос во Грција кој нуди „топли, но не неподносливи“ температури, кристално чисто сино море и „прекрасни плажи обвиени во сонцето“ по прекрасни цени.

За јули го препорачува Алгарве во Португалија, опишувајќи го како дестинација погодна за семејства, лесно достапна и често поповолна од шпанските градови во тој месец.

Септември во Хрватска

Според неговото мислење септември е совршен за престој во Хрватска која нуди широк избор на клубови, излети на острови и совршено тиркизна вода.

„Нема многу убави места на светот како Хрватска во септември. Да, малку има метеж, но вреди. Тоа е како Ибица, но многу поевтино и со двојно повеќе шарм, по мое мислење“, додал тој и споделил фотографија од Дубровник.


Како што метежот се намалува, за октомври го препорачува шпанскиот град Севиља каде е топло, а градот нуди некои од најдобрите тапаси во Европа.

Ноември е идеален за Кипар којшто со 28 степени Целзиусови дава можност за „последно капење“ пред зимата.

Едноставниот избор за декември е Египет, каде посетителите може да уживаат без многу метеж и во сериозните вредности на земјата.