Нема да верувате што постојаното скролање му прави на нашиот мозок – ова се 5 сериозни последици

Точка

19/10/2025

11:05

830

Големина на фонт

а а а

Нашиот мозок никогаш досега не бил изложен на толку големо количество информации како денес.

Секојдневно се менуваат слики, звуци и пораки што постојано го бараат нашето внимание. Иако технологијата носи многу предности, експертите предупредуваат дека сè почесто го одложуваме токму она што најмногу му е потребно на мозокот – одмор.

Неврологот д-р Баибинг Ченг истакна дека модерниот начин на живот постојано го стимулира нервниот систем и го нарушува природниот ритам на концентрација и закрепнување.

„На нашиот мозок му е потребно време без стимулации за да може да се обнови и да ја задржи способноста за длабока концентрација“, изјави тој, пренесува „Daily Express“.


Д-р Ченг, познат и како д-р Бинг, предупреди на негативните последици од претераното пишување и скролање на мобилните телефони. Тој објасни дека постојаната употреба на телефоните може да доведе до пет сериозни проблеми во функционирањето на мозокот. Првиот е т.н. допаминско преоптоварување.

„Секојпат кога го движите прстот по екранот, мозокот добива мала доза допамин – хемикалија што создава чувство на награда. Со текот на времето, мозокот почнува да копнее по тие кратки напливи на новитети, наместо по долготраен, фокусиран напор“, објасни тој.

Нашиот мозок не бара постојано нови надразнувања

Како последица на ова, се појавува пократок распон на внимание и чувство дека е тешко да се прочита книга или да се следи предавање.

„Постојаните новитети што мозокот ги прима со скролање го тераат префронталниот кортекс постојано да прескокнува од една работа на друга, па реалниот живот почнува да изгледа премногу бавен“, вели д-р Бинг.

Тој истакна и дека постојаната надворешна стимулација ја намалува креативноста, бидејќи мозокот нема можност за ментален одмор и длабоко размислување. Кога тој процес се прекинува, се губи способноста за рефлексија и создавање нови идеи.

Освен тоа, доаѓа до емоционална десензибилизација и зголемена анксиозност.


„Преголем број брзи и контрастни емоции – шокантни, смешни и тажни содржини за кратко време – може да ја затапат нашата чувствителност и да ја намалат емпатијата“, предупредува тој.

Тој додаде дека мозокот не е создаден за постојана новина: „Затоа постојаното менување на содржини ја исцрпува работната меморија, ги активира круговите на стрес и нè остава ментално исцрпени“.

Заклучокот е едноставен – на нашиот мозок не му се потребни постојано нови надразнувања, туку моменти на тишина во кои повторно воспоставува контакт со самиот себе.