Уште во првиот круг е затворена големата победа во Гостивар, со една голема разлика 6:1 наспроти кандидатот на „Вреди“, соопшти Арбер Адеми од ДУИ на прес-конференција.
Во Кичево и Струга, како што рече, нивните кандидати влегуваат во втор круг, со противкандидати од ВМРО-ДПМНЕ.
„Ме информираат соработниците дека за првпат е напишана историја во Чашка“, додаде Адеми.
ДУИ претходно прогласи победа во Липково и Пласница.