Бујар Османи му ја честиташе на Изет Меџити победата во Чаир

Макфакс

19/10/2025

23:46

309

Големина на фонт

а а а

Кандидатот за градоначалник на Чаир од ДУИ, Бујар Османи, му ја честиташе на својот противкандидат Изет Меџити од коалицијата „Вреди“ победата во првиот круг на локалните избори.

Во објава на социјалните мрежи, Османи изрази задоволство што изборниот ден поминал успешно и без поголеми забелешки, нагласувајќи дека граѓаните го имаат последниот збор во политиката.

„Честитки до мојот противкандидат и до целата коалиција што застана зад него — тие се победниците на изборите во Чаир, и им посакувам успех во раководењето со општината во наредните четири години,“ напиша Османи.

Тој им се заблагодари на своите соработници, активисти и поддржувачи за, како што истакна, кампања исполнета со посветеност, визија и нови пријателства.

„Иако кампањата не беше фер ниту законита во секој аспект, не сакам да се жалам, затоа што искреноста и вредностите имаат смисла само ако ги задржите и во вакви ситуации,“ додаде Османи, најавувајќи дека за следните политички чекори ќе се произнесе во наредните денови.