[ВИДЕО] Познатата комичарка: „Кијану Ривс ми беше најлош гостин во емисија“

Точка

17/10/2025

11:52

1.129

Големина на фонт

а а а

Американската комичарка Роузи О’Донел, позната по тоа што секогаш зборува отворено и без „влакна на јазикот“, неодамна откри кој ѝ бил најлош гостин во нејзината популарна емисија „The Rosie O’Donnell Show“.

Иако вели дека „го обожува како личност“, О’Донел признала дека тоа бил Кијану Ривс.

Морала да извлекува одговори од него

„Го сакам тој човек“, изјави таа во емисијата „Sam Pang Tonight“ и додаде: „Но, едноставно не е добар во ток-шоуа“.

Водителката го пофали познатиот актер, нагласувајќи дека е „толку симпатичен“ и „изгледа прекрасно“, но дека за време на нивното интервју во 1997 година била фрустрирана затоа што „не сакал да одговара на прашања, ниту да комуницира“.

„Ќе го прашав: ‘Па, Кијану, како си? Како се чувствуваш?’“, се присетила таа, а неговиот одговор бил само: „Добро“.

„Бевме во живо, не можевме да го повториме снимањето“, објасни Роузи. „По отприлика три минути му реков: ‘Знаеш, Кијану, ова е ток-шоу. Треба да зборуваш’“.


За среќа, со текот на времето ситуацијата се подобрила. Кога актерот повторно гостувал во емисијата, „веќе разбирал како функционира сето тоа“, раскажа таа и додаде: „Тој е прекрасен човек и добродушен тип. Не сакам да го оцрнам“.

Ривс: Јас сум затворена личност

Кијану Ривс и самиот има признато дека јавните настапи пред камера не му се пријатни, бидејќи по природа е повлечена личност.

„Дојдов во Холивуд за да снимам филмови“, изјави тој во 2019 година за магазинот „Parade“. „Благодарен сум за таа можност, но сум затворен човек и ми е драго што сè уште можам да задржам барем дел од мојата приватност“.