Четири држави членки на ЕУ каде можете лесно да добиете дозвола за живеење – процедурата не е комплицирана

Точка

14/10/2025

20:16

2.772

Големина на фонт

а а а

Сѐ поголем број од луѓето одлучуваат да бараат подобри животни услови во друга земја, но оние кои ќе се одлучат на ваков чекор се свесни дека процесот за добивање на дозвола за постојан престој во развиените европски земји може да биде предизвикувачки.

Сепак, постојат одредени можности кои овозможуваат релативно брз и едноставен пат до постојан престој, особено за оние кои се подготвени да инвестираат или да исполнуваат специфични услови.

Меѓу земјите кои нудат поволни опции за стекнување на дозвола за престој се Португалија, Малта, Кипар и Грција.

Според податоците на консултантската фирма „Global Citizen Solutions“, процедурата во овие држави не е премногу комплицирана.


Стекнувањето дозвола за постојан престој е клучно за сите оние кои сакаат долгорочно да ја напуштат земјата. Оваа дозвола овозможува легален престој, работа и живот без потреба за редовно продолжување на визите или привремените документи.

Исто така таа дава пристап до основните социјални права, вклучувајќи здравствена заштита, образование и пензионерски систем, а во некои случаи може да биде и прв чекор кон добивање државјанство.

Португалија

Португалија е меѓу најатрактивните дестинации за оние кои сакаат да се преселат, а една од главните причини е едноставен и транспарентен систем за добивање дозвола за престој за граѓаните надвор од Европската унија, вклучувајќи ги и Македонците.

Една од најчестите опции е златната виза која се доделува на лицата кои инвестираат во недвижнини или иницираат деловни потфати во земјата. По пет години престој врз основа на оваа програма, може да се поднесе барање за дозвола за постојан престој.

Освен што нуди поволни услови за миграција, Португалија се истакнува и во висококвалитетниот начин на живот, што дополнително ги привлекува луѓето кои сакаат да се населат во ЕУ.


Малта

Малта е уште една земја позната по либералните имиграциски политики. За добивање дозвола за постојан престој постојат неколку опции, вклучувајќи и инвестициски програми.

Една од најпознатите е „Malta Permanent Residency Programme“ која им овозможува на инвеститорите да стекнат дозвола за престој со вложување во недвижнини или низ донации во државни фондови.

Малта е дел од Европската унија, што овозможува уживање во бројни поволности кои доаѓаат со тоа членство.

Кипар

Кипар долго е позната како дестинација со поволни имиграциски услови иако правилата во последниве години станале построги. И натаму постои можност за добивање на постојана дозвола за престој преку инвестиции, низ програмата „Cyprus Permanent Residency Programme“.

Овој систем овозможува стекнување дозвола за престој по пат на купување недвижнини или други облици на капитално вложување. Кипар особено е привлечен поради едноставната процедура и брза обработка на барањата, а покрај тоа нуди и ниски даночни стапки и квалитетен образовен систем.


Грција

Грција исто така нуди програма златна виза која им овозможува на жителите да добијат дозвола за живеење доколку вложат најмалку 250.000 евра во недвижнини.

Оваа програма привлекла многумина кои сакаат да се преселат во јужна Европа, а Грција се издвојува и поради богатото културно наследство и развиен туристички сектор.

Административната постапка е релативно едноставна, а по одреден период на престој можно е да се поднесе барање за постојано живеење.

За оние кои размислуваат за преселување, клучно е да бидат информирани за актуелните програми и законодавни промени.

Најдобар начин за сигурна миграција е консултација со експерти во областа и потпирање на официјални извори на информации.

Извор: „Global Citizen Solutions“