Цензура: Судијката Соња Кочовска им забрани на мајката Невена Спасеска, семејството и адвокатите да говорат во јавност

A1ON.MK

13/10/2025

17:38

1.725

Големина на фонт

а а а

Судијката Соња Кочовска на мајката Невена Спасеска, целата фамилија и адвокатите им забрани да даваат било какви изјави во јавноста или да пишуваат на социјалните мрежи за судскиот случај со старателството над сега петгодишното дете.

Истата судијка освен што сака да наметне цензура, ја прогласи мајката дека врши психичко насилство врз малолетното дете зашто не го давала на таткото неколку месеци. Оваа спорна одлука е донесена по барање на тогашниот социјален работник Гоце Прцулоски кој беше разрешен од случајот и не работи во Центарот за социјална работа поради низа сомнителни и блиски координарани активности со таткото на детето.

Одлуката на судијката Соња Кочовска е во сила шест месеци, но може и да падне многу побрзо ако судиите во Апелационит суд не подлегнат на притисокот кој постојано се случува на сите нивоа и институции. Кочовска при носење на мерката, не ја зела предвид пресудата на Врховниот суд, психијатриските вештачења на мајката и детето што се единствено релевантни за вакви одлуки и посилни од нејзиното мислење.


Мајката беше пријавена во судот кај Кочовска, откако по правосилната пресуда во Битола, со која детето беше доделено на таткото, бараше од Центарот за социјална работа во Скопје да и даде решение за видување со детето. Од таму ја уверуваа дека во сила е старото решение, но адвокатите на мајката сметаа дека има промена на околности и не важи истото. Од Центарот, иако беше барано да и дадат писмено решение, уверуваа само на збор дека повторно ќе може да го гледа детето.

Во овој вакуум простор Центарот за социјална работа во Охрид секојдневно праќа дописи во Скопје детето да му се довери на таткото, поради изречените мерки. Претходниот директор на Центарот во Охрид каде не се очекува поинаква одлука поради влијанија од локалните моќници, беше разрешен од функцијата и од Министерството за социјална политика му беше поднесена кривична пријава поради непочитување на ставот дека за детето треба да одлучи Центарот во Скопје.

Целиот предмет го следат коруптивни судски одлуки, кои беа укинати од Врховниот суд и предметот е на повторно судење. Игнорирање на насоките кои ги даде Врховниот суд нема да доведат до поинаков исход, но ќе бидат показател за тешката корумпираност на судкиот систем и на социјалните иснтитуции.


Врховен суд даде јасни насоки како треба да се постапува по овој предмет и дека пред се фокусот треба да биде ставен на интересите на детето. Што се однесува до цензурата на сидијката Соња Кочовска, тешко дека може да опстои. Иако се работи за семејно право каде треба да се внимава на заштита на малолетните лица, секој родител истовремено има право пред јавноста да ги брани своите права и на детето од потплатените институции кои со молк и присила сакаат да ја завршат работата зад затворени врати. Ниту еден суд, ниту вработен во Центар за социјални работи нема да може да се затскријат зад незаконските одлуки со никаква забрана или цензура за информации. А1он со овој напис продолжува да го следи овој судски случај.