[ФОТО/ВИДЕО] Кое е дуото што предизвика инцидент за време на говорот на Трамп во Кнесетот?

Точка

13/10/2025

18:33

1.321

Големина на фонт

а а а

Како што претходно беше објавено, говорот на Доналд Трамп во Кнесетот бил накратко прекинат поради дофрлување од двајца парламентарци.

Подоцна било потврдено дека американскиот претседател бил прекинат од Ајман Одех, член на израелскиот парламент, пренесе Ал Џезира.

Претходно, Одех на платформата Икс објавил: „Количината на лицемерие на пленарната седница е неподнослива. Додворување на Нетанјаху преку ласкање како никогаш досега, со оркестрирана група, не го ослободува него или неговата влада од одговорност за злосторствата против човештвото извршени во Газа, ниту за крвта на стотици илјади палестински жртви и илјадници израелски жртви. Но, тука сум само поради примирјето и сеопфатниот договор. Само завршувањето на окупацијата и признавањето на државата Палестина покрај Израел ќе донесе правда, мир и безбедност за сите“, напишал Одех.

Покрај Одех, од салата бил исфрлен и Офер Касиф, член на политичката група Хадаш, на која и припаѓа Одех.



Инаку Касиф и Одех држеле листови на кои пишувало „признајте ја Палестина“ пред да бидат насилно отстранети од салата од страна на обезбедувањето.