[ФОТО] Даниел Крег и неговата сопруга заблескаа на филмската премиера: Сега сите зборуваат за неговата фризура

Точка

09/10/2025

16:19

1.022

Големина на фонт

а а а

Даниел Крег, во придружба на својата сопруга Рејчел Вајс, им се придружил на своите колешки Мила Кунис, Кери Вашингтон и Глен Клоуз на лондонската премиера на филмот „Wake Up Dead Man: A Knives Out Mystery“.

57-годишниот актер, познат по улогата на Џејмс Бонд, од 2019 година го толкува ликот на детективот Беноа Блан, а сега се враќа во третото продолжение на популарната франшиза. На црвениот тепих пред „Royal Festival Hall“, каде што филмот го отвори „BFI London Film Festival“, Даниел изненадил со нов изглед – седaта, бушава коса со повеќе волумен ја заменила неговата препознатлива залижана фризура.


Крег за премиерата се одлучил за сив твид костум, светлосина кошула и црвена вратоврска на пруги. Неговата сопруга Рејчел го држела за рака додека позирале пред фотографите.

Раните критики најавуваат триумф

Иако филмот ќе пристигне во кината дури подоцна годинава, враќањето на Даниел Крег како детективот Беноа Блан веќе е прогласено за триумф. Филмот, уште пред официјалното излегување, доби совршени 100 проценти на страницата „Rotten Tomatoe“s. Третото продолжение на франшизата на режисерот Рајан Џонсон го следи Бланк додека истражува морничаво убиство во мрачно црковно опкружување.


Порталот „Collider“ наведува: „’Wake Up Dead Man’ е покомплициран, потемнен и поемотивен од претходните два дела, во кои Џонсон ги истражува идеите на верата и логиката... Сето тоа вметнато во брилијантна мистерија за убиство.“ Слично пишуваат и „Punch Drunk Critics“, нарекувајќи го „најкомплексната мистерија од сите, која се занимава со прашања на вера, искупување, одмазда и прошка.“

„The Wrap“ го опишал филмот како „величествен, откачен готски хорор“, кој и покрај тоа што обработува егзистенцијални теми, е „најисполнет со живот“.


Режисерот за ѕвездената актерска екипа

Снимањето на Нетфликс продукцијата започна минатото лето, а режисерот Рајан Џонсон изразил воодушевување од актерската екипа.

„Имавме голема среќа со секој од овие филмови што успеавме да собереме некои од моите омилени актери на планетата, и тоа апсолутно важи и за овој филм,“ изјавил тој. „Покрај тоа, сите се прекрасни луѓе кои одлично се слжуваат, што е, кога снимате ансамбл-филм како овој, според мене – клучно.“