[ФОТО] Кога се појавил со 44 години помладата избраничка „запрело сè“: Свршеницата на Мик Џегер го украла шоуто

Точка

09/10/2025

20:08

985

Големина на фонт

а а а

Славниот Мик Џегер (82) се појавил на црвениот килим на Есенската модна гала на њујоршкиот градски балет за 2025 година, а бил придружуван од неговата свршеница Мелани Хемрик (38).

Покрај нив, таму биле и многу други ѕвезди како Џулија Фокс, Оливија Палермо, Дона Каран, но главни ѕвезди секако биле Џегер и 44 години помладата Мелани.


За таа пригода, Хемрик се решила за црвен фустан со шлиц, додека Џегер носел шарена кошула, црно сако и малку посветли панталони.


И покрај разликата во годините, овој пар преживеал иако никој не им предвидувал „светла“ иднина. Имено тие се заедно десет години, а и понатаму се енигма за многумина.


Во минатото Мелани била балерина, а го запознала Џегер во 2014 година за време на неговата турнеја во Токио. Откако го родила детето, нејзино прво, а негово осмо, во 2016 година, таа се повлекла од јавноста.


Иако често беа мета на коментари како пар, тие уште еднаш докажале дека тоа воопшто не ги засега и дека ќе го продолжат со истиот начин на живот како и досега.