Статистиката која е поврзана за бројот на разводи во последните години е поразителна.
Но, кога паровите имаат деца, тогаш одлуката за развод би можела да биде посложена, па поради тоа понекогаш родителите го жртвуваат својот мир и лична среќа, останувајќи заедно „поради децата“.
А, дали тоа навистина е добра одлука и дали е добро за децата, дознајте во продолжените.
Кога децата ги гледаат своите родители како живеат во напнатост и незадоволство, учат дека тоа е „нормален“ начин на живот.
Совет: Покажете им на децата со својот пример дека животот има тешкотии, но дека среќата е достижна. Отворено разговарајте за важноста за наоѓање рамнотежа и неприфаќање на живот без радост.
Дури и кога кавгите се случуваат зад затворени врати, децата ја чувствуваат напнатоста. Често почнуваат да се плашат од иднината и избегнуваат носење важни одлуки.
Совет: Одржувајте ја комуникацијата отворена. Убедете ги вашите деца дека вашиот однос како партнери не влијае на нивната вредност.
Студиите покажуваат дека децата кои растат во стресно опкружување имаат поголема веројатност да развијат здравствени проблеми како што се нарушување во спиењето, депресија, главоболки или срцеви проблеми.
Совет: Грижете се за атмосферата во домот. Дури и ако одлучите да останете заедно, пронајдете начини да ја намалите напнатоста пред децата, на пример низ мирни разговори, заеднички активности и квалитетно време со семејството.
Децата често себеси се доживуваат како „причина“ зошто нивните родители се несреќни. Оваа внатрешна вина може да доведе до недостаток на самодоверба или самодеструктивно однесување.
Совет: Јасно ставете до знаење дека децата не се проблем за возрасните. Често повторувајте дека не се виновни за напнатоста на нивните родители.
Децата го усвојуваат однесувањето на нивните родители. Доколку видат континуирани конфликти, но не и обиди да ги решат, учат дека побезболно е да молчат отколку да се соочат.
Совет: Бидете позитивен пример. Дури и кога се карате, правете го тоа со почит и покажете дека постигнувате компромис. Ова ги учи децата на здрави вештини за решавање конфликти.