„Hankook“ претстави две футуристички студии за мобилноста.
Производителот на гуми, компанијата „Hankook“, на својот интерен настан „Design Innovation Day“ ја открија визијата за иднината преку два иновативни концепта.
Прво, претставена е одржлива концептна гума, создадена слој по слој со помош на 3D печатач. Таа се базира на рециклирани и обновливи суровини и, според компанијата, „се одликува со органски дизајн на профилот со облици засновани на природни принципи на ефикасност“.
Прототипот е развиен во соработка со инженерскиот партнер „Harvestance“, користејќи го дизајнерскиот софтвер „NTop“. Целта е производство со заштеда на ресурси, долг животен век на гумата и лесна рециклажа.
Преиспитување на мобилноста: Роботска платформа со сферични тркала
Вистинска револуција претставува транспортерот со две седишта наречен "PathCruizer", кој се движи благодарение на роботската платформа "WheelBot 2".
Неговата уникатност се специјалните сферични тркала што можат да ротираат во сите правци. Тоа му овозможува на "PathCruizer" да се движи странично, дијагонално или да се врти во место – што е идеално за прецизно маневрирање во аеродромски ходници или како флексибилно транспортно решение во урбани центри.
Технологијата е развиена заедно со стартапот за роботика „CALMANTECH“.
Долгорочен проект со глобални партнери
Овие проекти се дел од „Design Innovation Project“, кој се одржува од 2012 година во соработка со водечки светски школи за дизајн, меѓу кои Универзитетот во Синсинати, Кралскиот колеџ за уметности во Лондон и Универзитетот Форштајм.
Познати технолошки партнери како „LG Electronics“, „Rainbow Robotics“ и „CALMANTECH“ придонесуваат со дополнително знаење и експертиза, соопштија од компанијата.
„Design Innovation Day“ на „Hankook“ е годишен форум посветен на новите технологии во мобилноста, каде што се спојуваат иновацијата, дизајнот и одржливоста.