Вчера во раните утрински часови во затворот Идризово дошло до тепачка меѓу двајца осуденици. Се работи за 28-годишниот М.И. и 31-годишниот Л.Р., кои поради засега непознати причини влегле во физичка пресметка.
Случајот бил пријавен во СВР Скопје, а од МВР информираат дека се преземаат мерки за негово целосно расчистување.