Доколку сте во потрага по име кое нема прекар, тогаш ова кое ќе го спомнеме во нашиот текст можеби ќе ви се допадне и ќе го искористите.
Името Искра со години е едно од попопуларните за кои родителите се одлучуваат да им го дадат на своите ќерки.
Се претпоставува дека личното име Искра потекнува од зборот „искра“ којшто на словенските јазици означува оган, жар, пламен – нешто кое се создава кога огнот ќе се запали.
Според потеклото на имиња, Искра има преносно значење кое може да се набљудува како „онаа која е сјајна“, „онаа која е полна со енергија“, „онаа која ги обвива сите со светлина и топлина“, „онаа која секому му го грее срцето и душата“, „онаа која има надворешна и внатрешна убавина“, „огнена“, „таинствена“, но и „онаа која носи радост“, „онаа која носи подобра иднина“, „радост“, „среќничка“.
Одамна постојат верувања дека искрите кои се создаваат при согорување на дрвата во огнот носат некои подобри времиња и нови радости, богатство, подобро здравје и добар живот и иднина.
Според некои извори, името Искра има руско потекло и настанало во текот на 20-тите години на минатиот век, а во преносно значење означува „онаа која носи светлина“.
Името Искра е популарно во Македонија, Србија, Словенија, Русија, Хрватска, Бугарија...
Интересно нешто е тоа што ова име е едно од ретките кои немаат прекар.