[ФОТО] Непознат сторител фрлил куче од железничката станица во Скопје, од ЈП Лајка велат: „Овој бесправно и сурово одземен живот нема да остане незабележан“

Точка

19/09/2025

14:39

589

Големина на фонт

а а а

Од јавното претпријатие Лајка објавија дека утрово добиле повик за вознемирувачка случка која повторно нè потсетува до каде може да оди човечката суровост.

„Непознат сторител извршил монструозен чин и фрлил куче од железничката станица во Скопје.

Нашиот тим веднаш интервенираше и го префрли кучето во амбуланта, каде што беа вложени максимални напори од страна на нашите доктори. За жал, и покрај сета борба, Нори – куче кое уште во 2023 година помина третман кај нас – денес го изгуби животот поради силно внатрешно крварење.


Нори често била забележувана на повеќе локации низ градот, а според сите сознанија се работело за питомо и мирно куче кое никому не пречело.

Овој бесправно и сурово одземен живот нема да остане незабележан. Настанот веднаш ќе биде пријавен до надлежните институции, до кои апелираме да ги искористат сите механизми за пронаоѓање и санкционирање на сторителот на ова тешко кривично дело.

Апелираме и до граѓаните – доколку сте сведоци на вакви дела, пријавете ги веднаш. Само со заедничка реакција можеме да ставиме крај на ваквото насилство и да изградиме општество во кое животите на животните се почитуваат“, се вели во објавата на Инстаграм.