Познатата британска музичарка, водителка и модел Мајлин Клас, повторно го привлекла вниманието со својот моден избор за црвениот тепих.
Фановите, фотографите и медиумите останале изненадени од нејзиниот смел стајлинг – проѕирен, црн фустан низ којшто јасно се наѕирала чипката, линијата на телото и долната облека.
Која е Мајлин Клас?
Мајлин Анџела Клас е родена на 6 април 1978 година во Грејт Јармут, Велика Британија. Татко ѝ е со австралиско потекло, а мајка ѝ од Филипините.
Првиот голем успех таа го постигнала како член на поп групата „Хир’Сеј“ која настанала од британско реалити шоу на почетокот на 2000-те.
После распадот на групата, Мајлин започнала соло кариера и почнала да издава албуми со класична кросовер музика – комбинација на клавир, вокал и класични аранжмани со современи музички елементи.
Покрај музиката, Мајлин е етаблирана медиумска личност. Водела разни телевизиски емисии, често била член во музички и забавни емисии. На радио е присутна исто така низ годините, особено на станицата „Класик ФМ“, каде редовно води програма.
Мајлин има три деца. Била во брак со Грејем Квин, а денес е во врска со Симон Мотсон. Активно се занимава со хуманитарна работа и поддржува бројни компании, особено во областа на женското здравје.
Неодамна добила почесно признание – MBE (Член на Редот на Британската империја) за придонес во таа област.