Тајната на долговечноста се крие во оваа крвна група и 4 гени кои ги имаат луѓето постари од 100 години: Еве што вели професор од Стенфорд за тоа што одредува колку ќе живееме

Точка

19/09/2025

08:58

815

Големина на фонт

а а а

Што се крие зад долговечноста? Дали може да се открие зошто некои луѓе живеат до 100 години па и подолго? Студија објавена во списанието „PLOS Genetics“, истражувачки тим предводен од Стјуарт Ким, професор по развојна биологија и генетика на Универзитетот Стенфорд, го доведе во прашање ставот дека стогодишниците имаат подеднакво многу гени кои придонесуваат за болести како и оние со просечен животен век.

Професорот Ким утврдил дека стогодишниците можат да имаат помал број на гени кои го зголемуваат ризикот од хронични болести. Тоа не значи дека тие немаат одредени „заштитни“ гени против стареење, но студијата покажува дека тие не заболуваат од толку болести како луѓето со пократок животен век.

Научниците анализирале гени на 800 лица постари од 100 години и 5400 лица постари од 90 години. Откриено е дека на брзината на стареење значајно делуваат овие варијации во четири гени:

• CDKN2B, кој игра клучна улога во клеточната делба,

• гени поврзани со крвните групи,

• APOE, кој го одредува ризикот од Алцхајмерова болест,

• SH2B3, ген кој придонесува за подолг живот и кај луѓето и кај винските мушички.


Овие четири гени се поврзани со долговечноста. Генот APOE е поврзан со пократок животен век, варијанти поврзани со срцеви болести влијаат врз клеточниот животен циклус, а познато е и дека крвната група 0 е поврзана со подобри здравствени исходи и преживување.

Професорот Ким претпоставил дека гените поврзани со болести можат да ги намалат шансите некој да доживее 100 години и во својата анализа се фокусирал на познатите гени кои предизвикуваат болести.

„Со тоа можеме подобро да претпоставиме што навистина е лошо за целта да се доживее стотата“, изјавил за „Time“.

Овие гени досега не биле директно поврзани со долговечноста, а професорот признава дека сè уште не се знае многу за тоа како тие би можеле да влијаат на животниот век, освен дека мутации во генските регии можат да придонесат за невролошки болести како што е ALS (амиотрофична латерална склероза).


„Очигледно е дека избегнувањето болести е дел од стратегијата за долг живот. Но, постои силна догма дека кај стогодишниците сета предност доаѓа од гени што го спречуваат стареењето“, нагласил тој.

Претходните студии кои укажувале на овој ефект против стареење во однос на ефектот на помал број гени кои предизвикуваат болести во главно се малку. Тимот на професорот од Стенфорд сугерира дека начинот на кој некој ќе доживее 100 години може да вклучува повеќе од само „гени против стареење“.

„Откривме дека, барем делумно, тие живеат подолго затоа што не се разболуваат“, нагласува професорот Ким, додавајќи дека можно е да постои и некој непознат заштитен фактор против стареење кој научниците сè уште не го откриле.