Психолог советува: „Сакам луѓето во љубовните врски и браковите да престанат да практикуваат една навика“

Точка

16/09/2025

12:53

471

Големина на фонт

а а а

Неверството е често во романтичните врски, а истражувањата покажале дека значаен број од луѓето признаваат интимни односи надвор од бракот.

Меѓутоа, тоа не е единствениот проблем којшто ги нарушува односите затоа што постојат и други однесувања кои еднакво можат да ја нарушат довербата кај партнерот.

Психологот, терапевт и советник д-р Кортни Варен, истакнува дека едно од таквите однесувања е ѕиркањето во телефонот на партнерот без негово знаење.


„Станува збор за намерен обид за увид во приватните пораки или други податоци за да се дојде до информации. Според истражувањата на „Pew Research Centra“, 34 отсто од возрасните во САД признале дека барем еднаш го прегледале мобилниот телефон од својот партнер, додека во помали истражувања меѓу студентите тоа го направиле 66 отсто од испитаниците. Најчестите причини биле љубопитност и сомнеж за неверство“, објаснила д-р Варен.

Ѕиркањето во мобилниот телефон поврзано е со поголем ризик од раскинување и сериозни проблеми во односот

„Психолошки гледано, таквото однесување произлегува од несигурноста и недовербата“, додава д-р Варен.

„Кога личноста се сомнева во искреноста од партнерот, се јавува непријатно чувство кое поттикнува на барање докази. Самиот чин на ѕиркање во телефонот може да даде чувство на контрола или оправдување, независно од тоа дали се пронајдени конкретни докази за неверство или не. Токму затоа ѕиркањето во телефонот дополнително ги зголемува конфликтите и незадоволството во врската“, појаснила таа.


Студиите покажуваат дека ѕиркањето во мобилниот телефон е поврзано со поголем ризик од раскинување и сериозни проблеми во односот. Чинот во ѕиркањето на телефонот ја нарушува автономијата на другата личност и јасно укажува на недостаток на доверба, а довербата е клучна за здрава врска.

„Наместо да посегнуваат по такви постапки, луѓето треба отворено да зборуваат со партнерот и да работат на сопствените несигурности и искуства од минатото“, заклучила докторката.