Палатата ова сакала да го скрие од јавноста: Вистинската причина за доаѓањето на Хари кај кралот Чарлс во Британија е многу потажна отколку што мислите

Точка

16/09/2025

08:30

1.554

Големина на фонт

а а а

Принцот Хари веќе подолго време сака да го обнови односот со својот татко, а многумина се надевале дека тоа ќе се случи баш сега... Но, очигледно дека станувало збор за целосно друга ситуација.

Минатата седмица, принцот Хари стигнал во Лондон и првпат по 18 месеци се сретнал со својот татко, кралот Чарлс Трети.

Тие имале состанок на којшто разговарале и пиеле чај, после кој Хари продолжил по својот пат.

И, додека многумина помислиле дека причината за ненадејната посета можеби е обид за смирување, ситуацијата, според тврдењата на извори блиски до кралското семејство, е значително посериозна.


„Ненадејниот чај на принцот Хари и кралот Чарлс не било само поради семејно простување, станува збор за подготовка за најлошото. Здравствената состојба на кралот Чарлс е всушност посериозна отколку што знае јавноста. Затоа принцот Хари бил повикан. Ова не е смирување туку разговор за наследството“, напишал кралскиот експерт Роб Шетер, повикувајќи се на доверливи извори од палатата.

Оваа вест изненадила многумина поради тоа што веќе месеци наназад се шпекулира дека на Хари и тоа како му недостасува семејството и дека сака да се врати кај нив. Сепак, неговата сопруга Меган Маркл оди по некој друг пат и не ни помислува да се врати на старото. Таа ја започнала својата емисија „Со љубов, Меган“ која се емитува на „Нетфликс“ и се обидува да ја продолжи кариерата таму каде што запрела по венчавката со Хари.

Да ве потсетиме, Бакингемската палата потврди дека кралот Чарлс пиел чај со својот син во Лондон, во текот на приватен состанок којшто траел околу 50 минути. Палатата ветила дека ќе објави детали од разговорот.


Хари, според извори, на својот татко му ветил дека нема да дава интервјуа ниту да изнесува содржина од средбата во медиумите затоа што сака да го обнови својот однос со кралското семејство. На врвот на листата на оние со кои сака да има подобра комуникација е секако неговиот татко.

Нивната последна средба пред оваа била одржана во февруари 2024 година, само неколку дена откако Чарлс објавил дека се лекува од канцер, откриен во текот на операција поради бенигно зголемување на простатата.