Славната актерка Кејт Бланшет била вистинска модна ѕвезда на синоќешното 77. доделување на наградите Еми (Primetime Emmy Awards). Нејзиниот изглед на црвениот килим е доказ зошто ја носи титулата икона на стилот.
Кејт Бланшет не само што секојпат на црвениот килим, како синоќа на доделувањето на наградите Еми, е совршено стилизирана, туку е и сосема оригинална со својот стил на облекување.
Да се облекуваш најдобро, а притоа да бидеш поинаков од сите – а тие „сите“ се светски ѕвезди со армија стилисти и често неограничени можности кога станува збор за избор на облека – не е нималку лесен подвиг, но не е ни невозможна мисија за прочуената Кејт Бланшет.
Синоќа не позирала во фустан како поголемиот дел од познатите гостинки, но ги засени сите во волшебен плишан комбинезон, со прорези на стомакот и гол грб. Фризурата била чист гламур, а шминката без ниту една грешка.
Кејт Бланшет и во ова посмело издание ги бранела боите на елегантниот стил и потсетила на моќта на автентичноста во модата.
На црвениот килим се сретнала со албанската пејачка Рита Ора и нејзиниот сопруг, режисерот и актер Таика Вајтити.