Кога ќе се каже „убава жена“, помислуваме на Џулија Робертс поради нејзината улога во истоимениот филм, а таа во изминатите децении докажа дека е многу повеќе од убаво лице и во својата колекција награди додаде и еден Оскар.
Но, убавината дефинитивно е еден од нејзините големи адути.
57-годишната актерка е една од холивудските ѕвезди кои изгледаат фантастично во сите фази од животот, а избира да старее природно.
Дури и без ботокс и филери, таа е главна ѕвезда на секој црвен килим, како што видовме на неодамнешната Венециска Мостра, а зад сè стои правилна и не премногу комплицирана нега.
Утринскиот режим на нега на Робертс всушност докажува дека понекогаш дури и пет минути нега на кожата се доволни за да се постигнат задоволителни резултати. Нејзината формула е едноставна: чистење на лицето и заштита од сонцето, а доколку има повеќе време ја храни и смирува кожата со помош на маска за лице.
„Дефинитивно би можела да направам повеќе. Да ми беше поедноставна негата, сè уште ќе бев во кревет“ се пошегува таа за Вива.
„Во обични денови, само ги мијам забите, го мијам лицето и ставам крем за заштита од сонцето“ изјави актерката.
Кога прави повеќе од тоа, Џулија ја мачка кожата со пенесто средство за чистење лице збогатено со хранлива папаја и смирувачки ананас, заедно со салицилна киселина и глицерин.
Доколку не брза, актерката нанесува хидратантна гел-маска која ја омекнува и смирува кожата, а останува на лицето само пет минути. И тоа е тоа.
Клучен дел од нејзината рутина за нега на кожата, кој со децении го штител нејзиното лице од сонцето под жешкото небо во Лос Анџелес и спречувал оштетување, хиперпигментација и предвремени знаци на стареење, е СПФ.
Робертс обично користи крем кој има СПФ 30+, а кога нејзиниот омилен ќе се распродаде, таа преминува на практичен СПФ стик со уште повисоко ниво на заштита и слична формулација.