[ВИДЕО] Стефан Филиповски за Точка: Ова лето го менува мојот живот, со мојата девојка сега сме маж и жена и едвај чекаме да видиме ‘што нѐ чека’

Точка

02/09/2025

22:46

1.482

Големина на фонт

а а а

На прашањето „Кое лето засекогаш ќе го паметиш“, Стефан Филиповски од „Некст тајм“, без многу двоумење го избра летото што е на прагот да замине.

Иако ретко зборува за својот приватен живот, Филиповски овојпат за читателите на „Точка“ сподели дел од своите убави приватни мигови кои засекогаш ќе останат врежани во неговата меморија.

Имено, тој и неговата избраничка - ова лето, 2025-то, ја крунисаа својата љубов со брак и направија венчавка за паметење.

„Ова лето мислам дека ја менува динамиката на мојот приватен живот, го менува мојот живот, бидејќи со мојата девојка сега сме маж и жена“, вели пејачот.

Тој признава дека иако пријателите постојано му велат: „Ќе видиш како е и што следува“, тој и Тинеа едвај чекаат „да видат како е и што им доаѓа“ и да се соочат со сите убавини и предизвици што ги носи бракот како заедница.


Тимот на Точка му честита на младиот брачен пар, љубопитно ќе ја следиме нивната љубовна приказна и едвај го чекаме следното поглавје за да го споделиме со нашите читатели.


А за верните почитувачи и слушатели на музиката на Некст тајм, Стефан напоменува дека не престанува креативниот процес и дека заедно со неговиот брат Мартин напорно работат на нови проеки.


Автор: Ц.Н.