Документарецот „Unknown Number: The High School Catfish“ пристигна на Нетфликс. Режисерката е Скај Боргман, позната по вистинити криминалистички приказни како „Girl in the Picture“ „Abducted in Plain Sight“.
Филмот ја раскажува вознемирувачката вистинска приказна за Лорин Ликари и нејзиното тогашно момче Овен Макени, средношколци од Мичиген кои со месеци трпеле анонимно вознемирување преку стотици текстуални пораки.
Пораките биле заканувачки, манипулативни и сексуално експлицитни, а пристигнувале од различни броеви. Малтретирањето сериозно влијаело врз нивниот секојдневен живот и менталното здравје.
Бидејќи локалната полиција не успеала да открие кој стоел зад пораките, случајот го презел ФБИ, а истрагата довела до шокантно откритие.
Гледачите шокирани: „Апсолутно неверојатно“
Документарецот предизвика силни реакции кај гледачите ширум светот. Коментарите во популарната Фејсбук група „Netflix Bangers“ се полни со неверица.
„Најдобриот документарец што некогаш сум го гледала на Нетфликс, воодушевена сум“, „Апсолутно неверојатен“, „Гледав многу документарци, но овој моментално ми е на самиот врв“, „Ова е најморничавиот документарец што некогаш сум го гледал“, се само дел од коментарите.
Вистинска приказна за предавство што е тешко да се заборави
„Unknown Number: The High School Catfish“ не е само уште еден криминалистички документарец. Тоа е длабоко трогателна приказна за предавство, емоционално насилство и доверба што е изгубена засекогаш.
Реакциите на публиката јасно покажуваат дека станува збор за документарец што остава силен впечаток и ќе се прераскажува долго време.