Актерката откри што ѝ порачала принцезата Дајана во писмото пред фаталната несреќа – ова никогаш нема да го заборавам...

Точка

02/09/2025

12:40

1.154

Големина на фонт

а а а

Актерката Џејми ли Кертис (66) се присетила дека во 1997 година, на снимањето на филмот „Fierce Creatures“ во Лондон, за малку ќе се запознаела со принцезата Дајана.

Тој ден, во текот на паузата, отишла до својата гардероба за да го употреби тоалетот, а токму тогаш на сет пристигнала принцезата со своите синови, принцовите Вилијам и Хари.

„Мојот возач тропна на вратата, велејќи ми дека принцезата пристигна, но кога се вратив таа веќе заминуваше“, раскажала актерката.


Писмо кое никогаш нема да го заборави

Кертис открила дека следниот ден ѝ испратила писмо на Дајана во Кенсингтонската палата, објаснувајќи ѝ поради што го пропуштила моментот да ја запознае и истакнувајќи колку ја почитува. На нејзино изненадување, набрзо следел одговор од принцезата.

„Ми се заблагодари на писмото, ја разбра ситуацијата и духовито додаде дека ѝ неа често ѝ се случува „природата да ја повика“. Напиша дека се радува на наша средба во иднина“, се присетила Кертис.

За жал, до таа средба никогаш не дошло затоа што принцезата Дајана починала само два месеци после тој настан.

Шок и сеќавање на силата на принцезата

Кога ја слушнала веста за трагичната несреќа во Париз на 31 август 1997 година, актерката, како што вели, посегнала по книгата за медитација за животот во свесноста, што веднаш ја потсетило на принцезата.


„Помслив на Дајана и нејзиното настојување да живееме мудро, храбро и емпатично. Се сеќавам и на сликата која за многумина остана врежана засекогаш – нејзините раширени раце додека трча кон своите синови“, рекла Кертис.

Добитничката на Оскар го заклучила своето сеќавање со едноставни зборови:

„И натаму ме движат нејзината грациозност и храброст“.